Лео Меси против Осасуна имаше емотивна посвета за Диего Марадона, кога постигна гол за 4-0, напаѓачот го соблече дресот на Барселона и под него беше „десетката“ на трагично починатата легенда на Аргентина од времето кога беше дел од Њуелс Олд Бојс.
Судијата доследно ги примени правилата и му покажа жолт картон на Лео Меси.
Дисциплинската комисија исто така реши да не му прогледа низ присти, па го потврди жолтиот картон.
На Лео Меси му е изречена и парична глоба од 600 евра, минималната сума предвидена за ваков прекршок (највисоката е 3.000 евра).
Парична глоба доби и Барселона, „каталонците“ ќе треба да платат 350 евра.