Напаѓачот нема да игра против својот поранешен клуб Интер

Дисциплинците немаа милост за Пандев и му изрекоа остра казна, за Македонецот заврши 2019

Горан Пандев повеќе нема да играа оваа година откако дисциплинската комисија го казни со два меча суспезнија, еден за црвениот картон против Лече и втор за навредите упатени кон судиите.

Македонецот во неделата постигна гол кој сигурно ќе биде еден од најубавите во Калчото оваа сезона, но потоа во продолжението од мечот набрзина заработи два жолти картони и беше исклучен

Горан Пандев денеска ја дозна казната и луѓето од дисциплинската комисија не беа наклонети кон него. За црвениот картон доби еден меч суспензија, но беше санкциониран и за навреди упатени кон судијата, па доби дополнителен меч суспензија како и парична глоба од 12 илјади евра.

Ваквата одлука значи крај на годината за Горан Пандев, тој не само што ќе го пропушти дербито на Џенова и дуелот со Сампдорија, ќе мора да го прескокне и враќањето на Џузепе Меаца и пресметката со поранешниот клуб Интер, па за него заврши годината.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе