Лига Европа

Динамо убедлив кај Волфсбергер, две асистенции на Адеми, победа и на Црвена звезда (ВИДЕО)

Динамо Загреб со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Волфсбергер, гостинска победа забележа и Црвена звезда која со 2-0 триумфираше кај Гент. 

Динамо Загреб и Адеми освоија важни три бода од гостувањето кај Волфсбергер со кои дојдоа многу блиску до пласман во следната фаза.
 
Головите беа постигнати во последните 30 минути. Резултатот го отвори Мајер, следуваа голови на Петковиќ и Иванушеч за кои асистираше нашиот Аријан Адеми.
 
Црвена звезда со головите на Петровиќ и Милуновиќ победи со 2-0 на гостувањето кај Гент.
 
Арсенал со 3-0 победи кај Молде и на две кола до крајот обезбеди пласман во следната фауза од Лига Европа. Пепе, Нелсон и Балогун ги постигнаа головите.
 
Милан одигра 1-1 на гостувањето кај Лил. Росонерите поведоа со гол на Кастељехо на почетокот од првото полувреме, Бамба во 65. изедначи.
 
Во останатите мечеви кои почнаа од 18:55 постигнати се следниве резултати: АЕК - Зорја 0:3, Брага - Лестер 3:3, ЦСКА Москва - Феенорд 0:0, ЦСКА Софија - Јанг Бојс 0:1, ЛАСК - Антверпен 0:2, Либерец - Хофенхајм 0:2, Макаби Тел Авив - Виљареал 1:1, Карабаг - Сиваспор 2:3, Спарта Прага - Селтик 4:1.
 

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе