УЕФА реши мечот Динамо Киев - Валенсија да се игра утре во Никозија од 19 часот, затоа што Киев е воена зона, а претседателот на Украина, Виктор Јанукович не дозволил на територијата на оваа земја да се игра фудбалски натпревар во организација на УЕФА, затоа што не може да ја гарантира безбедност на актерите, ниту на гледачите.
Шпанскиот тим денеска во хотел ја чекаше одлуката на УЕФА, одредиштето каде ќе треба да патува, по што конечно е познато дека дестинацијата ќе биде Кипар.
„Ние добивме гаранција за нашата безбедност, но сутуацијата е непредвидлива и не може да се контролира. Затоа и ќе играме на неутрален терен. Најдобро е што мечот ќе се игра, што нема промени на терминот“, велат од Валенсија.