Лига Европа

Динамо без Адеми ги потопи Елмас и Фенербахче, Ристовски и Спортинг го победија Карабах (ВИДЕО)

Елиф Елмас и Фенербахче настрадаа на гостувањето во Загреб, Динамо стигна до убедлив триумф од 4-1, Стефан Ристовски и Спортинг со сигурна победа од 2-0 над Карабах ја започнаа авантурата во Лига Европа.

Во натпревар кој требаше да биде македонски дуел во Лига Европа, Аријан Адеми гледаше како неговиот Динамо Загреб убедливо слави над Елиф Елмас и Фенербахче.

Капитенот на „модрите“ поради повреда не беше во комбинација, но и без него во средниот ред домаќините го надиграа противникот и стигнаа до триумф од 4-1.

Шуњиќ во 16. минута го отвори резулатот а Хајровиќ во 27. минута зголеми на 2-0. Нојштатер на стартот од вториот дел донесе малку надеж за гостите, но потоа следуваа два брзи погодока преку Хајровиќ и Олмо за за конечни 4-1.

Спортинг и Стефан Ристовски стигнаа до победа од 2-0 над Карабах а Иван Тричковски не успеа да му помогне на АЕК Ларнака да избегне пораз од Цирих пред своите фанови. На овој меч трагичар беше вториот Македонец во клубот од Кипар, Мојсов кој го направи пеналот со кој гостите стигнаа до водство и победа од 0-1.

На останатите поинтересни мечеви од 21 часот, Милан со голот на Игуаин во вториот дел стигна до три бода на гостувањето во Луксембург кај Дуделанж, Арсенал со 4-2 триумфираше над Ворскла, а во дуелот на двата клуба на кои Ред Бул им е спонзор и главен финансиер, Салцбург славеше со 3-2 на гостувањето кај Лајпциг.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе