Примера

Димитриевски само еднаш ја вадеше топката од мрежата на Бернабеу, тешка победа на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше тешка победа против Рајо Ваљекано со 1-0, Столе Димитриевски бранеше на Сантијаго Бернабеу и се покажа во одлично издание. 

Столе Димитриевски за прв пат бранеше на Сантијаго Бернабеу и имаше одличен натпревар против Реал Мадрид. Македонскиот голман прими само еден гол, и одбрани неколку шанси на кралскиот клуб.
 
Клучниот момент се случи во 13. минута кога по една одлична акција, Бензема се најде пред Димитриевски и од непосредна близина го матираше нашиот голман за водство на Реал Мадрид кое значеше и победа.
 
Во 19. минута Асенсио излезе само пред Димитриевски, но Македонецот одлично со нога му го одбрани ударот, подоцна Тони Крос ја погоди стативата.
 
Во судиското продолжение лесно можеше да се случи Рајо да го изедначи резултатот и да дојде до бод, но Куртоа одлично во два наврати одбрани, а спаси и Карвахал од гол линијата.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе