Барселона ова лето осетно се засили, на подготовките редовно ги тресеше противничките мрежи, но Столе Димитривски вчера одново ги фрустрираше „каталонците“, Македонецот го сочува својот гол и Рајо си замина од Камп Ноу со бод.
„Секогаш е тешко да ја сочувате мрежата, но еве успеавме да не примиме гол на три натпревари во низа против Барса, од кои два беа на Камп Ноу“ – рече по крајот на пресметката Столе Димитриевски, кој беше избран за играч на натпреварот.
„Јас секогаш се обидувам да го дадам најдоброто од себе и да му помогнам на тимот, па среќен сум што дадов допринос да освоиме бод“.
„Имавме план, и го реализиравме. Кога ќе ја сопреш Барселона, и тоа со новите засилувања, е уште послатко“.