среда, 8 мај 2024

Муцунски: Македонија ќе има нов претседател, сѐ поизвесно е дека ДУИ оди во опозиција

Денес се случи народ кој испрати единствена порака дека е време за ново поглавје. Доаѓаат подобри времиња, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на првата прес конференција по завршувањето на гласањето во вториот круг од претседателските и првиот круг од парламентарните избори. Според податоците на партијата, цензусот од над 40 отсто излезност за избор на претседател е постигнат, а тоа, рече Муцински значи дека Македонија ќе има нов претседател. Што се однесува до парламентарните избори тој кажа дека сѐ поизвесно е дека ДУИ оди во опозиција.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На првата прес конференција по затворањето на гласачките места, Муцунски рече дека повикот за бојкот на гласањето од страна на ДУИ не успеал и дека елитите на власта се поразени од народот.

„Денешниот ден ги извади на површина сите игри на власта. Практично се обистини сценариото на кое предупредувавме, а тоа е дека ДУИ посакува криза и преку бојкот на претседателските избори сака да се факторизира. Добрата вест е што ДУИ изгуби двојно. Бојкотот не им успеа и сѐ поизвесно е дека ДУИ оди во опозиција“, рече Муцунски.

Народот денеска излегуваше за да си ја врати Македонија, рече Муцунски и сите заедно, обединето гласаа да ја вратат контролата врз системот, која ја немаа. Тој изборниот ден го оцени генерално како мирен, но сепак, рече тој, мора да се нотира дека се забележани неколку поединечни нерегуларности.

„Неколку функционери на владеачката партија се фатени во илегални активности како го нарушуваат избирачкото право, давајќи поткуп и правејќи притисоци со што го покажаа недемократскиот карактер на владеењето на власта за која очекуваме да биде жестоко поразена. Второто прашање кое ќе треба да се одговори е потеклото на парите за поткуп што докажува дека власта во заминување е една од најкриминалните досега“, рече Муцунски.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ очекува дека вечерва ќе се знае и како ќе излгеда идната македонска Влада.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ