Ла Лига

Димитриевски ја сочува мрежата на Камп Ноу, Рајо ја победи Барселона (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано со сензационална победа од 1-0 се враќа од гостувањето кај Барселона, Столе Димитриевски ја сочува својата мрежа и даде допринос за големиот триумф. 

Нов кикс на Барселона, овојпат против Рајо Ваљекано кој обично важи за домашна екипа, но сега дојде до три бода од гостувањето на Камп Ноу.
 
Единствениот гол на мечот беше постигнат уште во седмата минута кога Гарсија даде гол за водство на Рајо Ваљекано од 1-0.
 
Барселона имаше доволно време да го сврти мечот, но не успеа да го најде патот до мрежата на Димитриевски. Македонскиот голман имаше неколку одлични интервенции.
 
Рајо во финишот можеше да постигне уште еден гол од контра, но ја погодија стативата.
 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе