Голманот е оптимист пред дуелот во Палермо

Димитриевски: Ја победивме Германија, зошто да не ја победиме и Италија?

Столе Димитриевски вели дека Македонија оди на победа во Палермо, голманот верува дека можеме да ја изненадиме Италија и како пример го посочи триумфот над Германија во Дуизбург.

„Црвено-жолтите“ ги одработуваат последните подготовки во Скопје пред да отпатуваат во Палермо за историскиот бараж натпревар против Италија.

Голманот Столе Димитриевски е оптимист пред дуелот против актуелниот европски првак и верува дека можеме да ги изненадиме „аѕурите“.

„За нас ова е најважниот натпревар до сега, за сите играчи, за целата репрезентација. Се подготвуваме добро, мислиме само на мечот со Италија и одиме на победа. Очигледно е дека имаме квалитет, зошто за да се стигнете до тука каде што стигнавме не е лесно. Ние преку групата се изборивме за овој бараж. Успеавме да ја победиме Германија, успеавме да победиме други добри селекции... па зошто сега да не ја победиме Италија, без оглед што Италија е европски шампион“ – вели Столе Димитриевски.

Тој исто така додава дека не е важно кој ќе истрча на теренот во четврток, најважно е секој да го даде максимумот и да се дојде до победа.

„Може да има неколку промени во составот, но без разлика кој ќе игра, сите наши играчи се доста квалитетни. Ќе мора само да бидеме максимално концeнтрирани и да го дадеме најдоброто од себе. Така ќе може да дојдеме до победа“.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе