Столе Димитриевски беше на голот на Рајо Ваљекано кој со гол на Серхио Гвардиола во 42. минута дојде до победа над Еспањол од 1-0.
Многу поефикасно беше во Валенсија каде Леванте со 3-2 загуби од Севиља. Барди мечот го почна од клупата, во игра влезе во 66. минута при водство на гостите од 2-1.
Корона во 14. минута донесе предност за Севиља од 1-0, но осум минути подоцна Моралес од пенал изедначи на 1-1. Сепак во 27. минута Корона даде уште еден гол и го врати водството на гостите.
Во 71. минута Моралес имаше нова шанса од пенал, но овојпат не израмни, промаши, а казната стигна десет минути подоцна кога Коунде зголеми на 3-1.
Во 87. минута Солдадо ги постави конечните 2-3.