Ла Лига

Димитриевски и Рајо Ваљекано го победија Реал Мадрид (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано со 3-2 го победи Реал Мадрид, за кралскиот клуб ова беше првиот пораз во Ла Лига оваа сезона, тимот на Димитриевски игра најдобро против најдобрите. 

Рајо оваа сезона одигра реми на Камп Ноу против Барселона, одигра реми и на Ванда Метрополитано против Атлетико Мадрид, ја победи Севиља на нејзин терен, а сега славеше домашна победа против Реал Мадрид.
 
Димитриевски беше одличен на голот иако прими два гола, неговите соиграчи дадоа три и дојдоа до победата, сосема заслужено.
 
Рајо Ваљекано погоди уште во петтата минута преку Комесана, домаќините рано поведоа со 1-0.
 
Во 37. минута Модриќ од пенал израмни на 1-1, а четири минути подоцна Милитао даде гол за комплетен пресврт и водство на Реал Мадрид од 2-1. Во тие моменти се чинеше дека работите доаѓаат на свое место.
 
Но, Рајо не се предаде. Во 44. минута Гарсија упати вистинска бомба за израмнување на 2-2.
 
Победничкиот гол го постигна Трехо од поновен пенал во 67. минута. Првиот удар го одбрани Куртоа, но не газеше на линијата, па пеналот се пренови.
 
До крајот на мечот Реал Мадрид јалово се обидуваше да избегне пораз. Се чини дека ова беше најлошата партија на тимот на Анчелоти оваа сезона.
 
Со овој пораз Реал Мадрид падна на второто место во Ла Лига со два бода зад Барселона.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе