Во Интервју за „Марка“

Димитриевски е во изолација на 3000 км далеку од семејството: Тешко е, но мора вака за да го победиме коронавирусот

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски кој е во изолација во Мадрид за шпанскиот весник „Марка“ ја раскажува својата ситуација во моментов. 

Шпанија е една од најпогодените земји од коронавирусот, досега има преку 42.000 случаи и речиси 3.000 мртви. Нашиот голман кој брани за Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски од Мадрид вели дека ситуацијата е тешка, но верува дека наскоро ќе го победиме вирусот од кој страда целиот свет.
 
„Гледам да имам трпение. Читам книги, гледам филмови, серии, тренирам да не ја загубам формата, зборувам со мојата фамилија, моите пријатели преку ВатсАп...“, вели Димитриевски за „Марка“.
 
„Сакам да читам спортски книги. Сега ја читам таа на Ибрахимовиќ кој ми е еден од омилените играчи. Гледам многу „Нетфликс““.
 
„Тешко е што сум далеку од дома. Ми недостасува фамилијата. Помислувам колку сум далеку од нив. Зборувам со нив секој ден. Си кажуваме работи како е тука и како е таму. Мора да сфатиме дека оваа изолација е неопходна“.
 
„Ситуацијата во Македонија е добра, иако веќе има и мртви. Потребен ни е медицински и заштитен материјал Но ќе биде добро со помош од сите“.
 
„Мојата фамилија и пријателите ми велат дека ситуацијата во Мадрид станува се полоша и полша, но јас им велам дека сум дома, смирен сум, ги следам препораките. Нормално е тоа што тие се загрижени за мене во моментов“.
 
„Знам дека не им е лесно на луѓето да бидат во изолација. Но мора да го издржиме овој период. Многу од нив живеат во мали домови. Јас секој ден во осум часот излегувам на терасата и им аплаудирам на луѓето кои се најзаслужни за борбата против коронавирусот“.
 
„Излегувам и им аплаудирам. Тие се нашите херои. Сестрите, докторите, фармацевтите, новинарите, луѓето кои ги чистат улиците... Сите луѓе кои се борат и даваат допринос за да излеземе од ова“.
 
„Овој период требаше со репрезентацијата на Македонија да играме плејоф за пласман на Европското првенство. Но тоа не е важно сега. Најважно во моментов е да ја добиеме оваа битка“.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе