Македонските голмани се подготвени за својот дел на ЕП

Димитриевски: Целта да се пласираме на ЕП ја остваривме, сега имаме друга цел

На денешната прес-конференција во Букурешт беа македонските голмани Столе Димитриевски и Дамјан Шишковски, двајцата ја потенцираат одличната атмосфера во селекцијата и веруваат во добар резултат против Австрија. 

Македонските фудбалери со нетрпение го чекаат првиот меч против Австрија. Овие денови во Букурешт се крои тактиката и се прават последните подготовки за стартот на Европското првенство, а од голема важност ќе биде и изданието на нашите голмани. 
 
„Подготвени сме, мотивирани сме, немаме никаков притисок, ја знаеме добро Австрија, игравме два меча со нив. Притисокот го претвораме во мотивација за можеме да да го дадеме максимумот на теренот“, вели Димитриевски.
 
„Ние добро ги анализираме протвниците, Австрија има доста квалитетни играчи, треба да бидеме подготвени и одбраната и јас за нивните нафрлени топки. Имаат добри индивидуалци и шутери како Алаба и Арнаутовиќ. На тренинзите се подготвуваме да се справме за нивните силни страни“.
 
„Атмосферата е феноменална и на тренинзите и надвор од нив. Ние не сме дојдени туку за само да го доживееме ова искуство, нашата цел е на натпреварите да победуваме и да освојуваме бодови за да ја поминеме првата фаза. Ја остваривме нашата цел да се пласираме на ЕП, сега наша нова цел е да ја поминеме групната фаза. Против Австрија одиме на победа или на поволен резултат, треба сите да веруваме и веруваме дека можеме да го направме тоа“.
 
Од селекцијата на Австрија неодамна доживеавме два порази, едниот убедлив во Скопје со 4-1 и со 2-1 во Вена.
 
„На мечот во Австрија иако загубивме бевме поквалитетни, на тој во Скопје можеби бевме  уморни бидејќи беше крај на сезона, но ова е нешто сосема друго, ова е турнир и се може да се случи. Противниците ќе имаат и поголема почит кон нас бидејќи тука нема место за поправен, нема два натпревари. Поразите од Австрија стојат, но ние сме максимално сме подготвени за да одиграме добро овој пат“, заклучи Димитриевски.
 
 
Негова прва замена е Дамјан Шишковски.
 
„Одработуваме добри подготовките, остануваат уште два дена до првиот меч. Атмоосферата е одлична. Одигравме два меча против Австрија, првиот го загубивме со 4-1 но тоа е минато. Во недела сите ќе го дадеме максимумоот и се надевам дека тоа ќе биде доволно за да доојдемд до добар резултат“, вели Шишковски.
 
„Секој меч е различен. Во недела почнуваме со нула. За мечот со Австрија ќе го дадеме секој атом од нашата сила и да го направме тој ден најрадосен во нашата историја“.
 
„Лично, не ми значи тоа што играв на ЕП до 21 година. Нашата цел на голманите е секогаш иста, да спречме што е можно повеќе топки, да примиме помалку голови. Знаеме кои се силните страни на Австрија, знаеме дека се физички силни и дека се опасн од прекини. Играат германски фудбал. Се подготвуваме за воздушни дуели и ситуации во шеснаесетникот“.
 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе