Квалификации за ЕП 2020

„Дијамантот“ блесна најсилно досега, два гола на Елмас за голема победа на Македонија (ВИДЕО)

Со два гола на Елиф Елмас, Македонија ја победи Словенија со 2-1, голем триумф на нашата репрезентација кој не остава во игра за пласман на Европското првенство.

Македонија одигра одличен натпревар против Словенија, Елиф Елмас блесна, нашата репрезентација има голема ѕвезда која допрва ќе сјае.
 
Нашите фудбалери беа подобри во текот на целиот натпревар, со исклучок на притисокот во последните минути Словенија речиси и посериозно да не го загрози нашиот гол.
 
Во најголемиот дел од првото полувреме и двете селекции играа претпазливо без некои посериозни возбудувања пред головите. Македонија прв пат се закани преку Николов во 21. минута, тој биеше силно од далечина но Облак го одбрани неговиот удар.
 
Во судиското продолжение Македонија постигна гол, но судиите го поништија поради офсајд. Елмас шутираше прецизно и ја затресе мрежата на Словенците, но Николов беше пред Облак, холандските судии оценија дека тој го маркирал словенечкиот голман и го поништија погодокот. Нашите играчи и публиката беа гневни на одлуката.
 
Но по само пет минути игра во второто полувреме Македонија даде гол кој судиите не можеа да го поништат. Прекрасно двојно проигрување меѓу Елмас и Пандев, а помладата ѕвезда на нашата репрезентација мајсторски го совлада Облак за водство од 1-0.
 
 
Во 67. минута Словенија го имаше најсериозниот обид, Иличиќ упати бомба од далечина која Димитриевски ја одбрани, топката отиде во корнер.
 
По изведениот корнер, ние ја освоивме топката, Адеми одлично го проигра Елмас кој излезе еден на еден со Облак и повторно го совлада за водство на Македонија од 2-0.
 
 
Десет минути подоцна Несторовски имаше голема шанса да донесе уште поубедлива предност на нашата репрезентација но биеше за малку крај голот на Словенците.
 
Во последните минути од мечот Словенија притисна, течеше судиското продолжение кога им беше досуден пенал по прекршок од Ѓоко Зајков, Иличиќ го реализираше за намалување на 2-1 што беше и конечниот резултат на натпреварот.
 
Македонија сосема заслужено ги освои овие важни три бода со кои бодовно се изедначивме со Словенците и имаме подобар меѓусебен дуел од нив.
 
Фото: Роберт Атанасовски
 

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе