Го чека пауза од терените

Диего Коста има длабока венска тромбоза, ова може да е последица на ковид-19

Диего Коста би можел да паузира и до еден месец, напаѓачот на Атлетико Мадрид има дбалока венска тромбоза и постои сомнеж дека ова е последица на ковид-19.

Фудбалерите лесно се справуваат со коронавирусот и брзо се враќаа на терените. До сега нема пријави за последици од ковид-19, но Диего Коста може да биде првиот случај.

Бразилецот со шпански пасош, кој во септември беше позитивен на ковид-19, оваа недела се пожалил на болки во ногата, лекарскиот тим на Атлетико му направил детални тестови и било откриено дека тој има длабока венска тромбоза во десната нога.

Ваквата состојба не е поврзана со претходна траума или повреда, па постои сомнеж дека ова може да биде последица на ковид-19. 

Во моментов не е јасно колку време ќе паузира Диего Коста, може да биде надвор од терените неколку дена па се до еден месец во зависност од тоа колку е сериозна работата.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе