РК Вардар

Дибиров: Очекував повеќе публика, но добивме голема поддршка кога најмногу ни требаше

Тимур Дибиров вели дека очекувал салата да биде повеќе исполнета, но задоволен е од поддршката која ги понела ракометарите кон првиот триумф на домашен терен во Лигата на шампионите.

Вардар со одлична игра во второто полувреме го победи Порто со 23:27 и ја забележа втората победа во Лигата на шампионите оваа сезона, прва на домашен терен.
 
Салата „Јане Сандански“ не беше исполнета до последно место, недостасуваа гледачи на трибините позади головите, но беше гласно.
 
„Честитки за Порто, ни пружија силен отпор, ова беше тежок натпревар. Во првото полувреме работите за нас не функционираа како што треба, но во вториот дел ја подобривме нашата игра. Сигурен сум дека екипата на Порто ја чекаат големи победи, покажаа дека играат многу сериозен ракомет и сигурен сум дека ќе освојуваат бодови. Сакам уште еднаш да им честитам за одличната игра и во Порто ќе биде многу многу тешко“, вели Дибиров.
 
„Добро е кога се игра на домашен терен, но очекував салата да биде уште поисполнета. Можеби влијаеше и тоа што е недела. Но кога ни беше најпотребно, публиката ни даде голема поддршка и не понесе кон победата. Секогаш е специјално кога се игра првиот натпревар од сезоната дома. Можеби малку и нервозно го почнавме мечот поради тоа, но потоа се консолидиравме и победивме. Знаеме да се носиме со притисокот во текот на мечот“.
 
Тренерот Писонеро не е задоволен од првото полувреме, за разлика од вториот дел во кој Вардар го доби мечот.
 
Како што и очекувавме, Порто покажа дека е тежок противник беа мотивирани и одиграа одличен натпревар. Ние во мечот влеговме како шампиони, но не одигравме како што треба во првото полувреме, голманите немаа многу одбрани. Но во вториот дел беше поинаку, почнавме да ги браниме нивните удари, ја стегнавме и одбраната, ја искористивме нивната тактика седум на шест и успеавме да направиме предност која ја сочувавме и го добивме натпреварот“, изјави Писонеро.
 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе