На потег се „росонерите“

Дибала преферира трансфер во Милан наместо во Интер, но...

Како што пренесуваат медиумите од Италија, Пауло Дибала преферира трансфер во Милан наместо во Интер, но проблем може да биде високата плата на Аргентинецот.

Пауло Дибала нема да го продолжи договорот со Јувентус и треба да си најде нов клуб. Интересот за неговите услуги е голем, а според пишувањата на Кориере дело Спорт, доколку напаѓачот реши да остане во Серија А, прферира трансфер во Милан наместо во Интер, каде ќе се сретне со Бепе Марота.

Проблем е неговата плата, Паоло Малдини има поставено лимит од 4,5 милиони евра. Може да се направи исклучок во одредени случаи, но тоа може да го наруши балансот во соблекувалната.

Пауло Дибала преку своите агенти дал сигнали дека сака да преговара и според КДС, топката сега е во рацете на Малдини, Масара, Газидис и фондот Елиот, кој ќе го има последниот збор.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе