Серија А

Дибала од пенал во финишот го спаси Јувентус од пораз против Интер (ВИДЕО)

Интер водеше во најголем дел од натпреварот, но Јувентус со гол од пенал на Дибала во 89. минута се избори за 1-1 во големото Дерби на Италија. 

Интер може да жали што не ги освои трите бода против ривалот Јувентус, нероазурите беа блиску до тоа, но не успеаа.
 
Домаќините поведоа уште во 17. минута, Чалханоглу шутираше силно, топката се одби до Џеко кој ја смести во мрежата за водство на Интер од 1-0.
 
Јувентус се обидуваше да дојде до израмнувње, но Интер добро го контролираше мечот се до самиот финиш кога Думфрис несмасно направи прекршок за пенал, а Дибала погоди од белата точка за конечни 1-1.
 
По девет одиграни кола Интер е на третото место со 18 освоени бода, Јувентус е шестти со 15.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе