Аргентинецот прифатил помала плата

Дибала му кажал ДА на Интер

Како што пренесува Газета дело Спорт, Пауло Дибала му кажал ДА на Интер и се сложил на условите кои ги ставил Бепе Марота на маса, односно плата од 5 милиони евра, плус еден додатен милион во бонуси.

Пауло Дибала прифатил помала плата и му кажал ДА на Интер, ова денеска го пренесе Газета дело Спорт.

Весникот пишува дека Аргентинецот се сложил на условите кои ги ставил Бепе Марота на маса, односно плата од 5 милиони евра по сезона, плус еден додатен милион евра во бонуси кои се поврзани со бројот на одиграни натпревари (најмалку 50% од натпреварите во сезоната).

Сега се пеглаат останатите детали, се говори дека нема голема разлика помеѓу двете страни, но зделката и понатаму не е лесна.

Потребно е Интер да се ослободи од двајца напаѓачи, односно од Алексис Санчез и еден од Еден Џеко и Хоакин Кореа.

Пауло Дибала побарал од „нероаѕурите“ што поскоро да го решат ова прашање зошто нема да чека многу долго и ќе почне да разгледува други понуди.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе