Лига на шампиони

Дибала го замолкна Олд Трафорд, победа на Јувентус над Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Јувентус со гол на Дибала го победи Манчестер јунајтед со 1-0 на негов терен, Кристијано Роналдо се врати на Олд Трафорд.

Големото дерби меѓу Манчестер јунајтед и Јувентус му припадна на италијанскиот шампион кој славеше минимално со 1-0.
 
Јувентус беше подобар противник во првото полувреме, создаде неколку шанси а клучниот момент се случи во 17. минута кога една топка дојде до Дибала а тој осамен во шеснаесетникот ја смести во мрежата на Де Геа.
 
Манчестер јунајтед тргна многу поофанзивно во вториот дел, создаде неколку шанси од кој најдобра беше на Погба кој ја погоди стативата. Сепак тимот на Мурињо не успеа да се спаси од пораз.
 
Ова е голем триумф на Јувентус со кој прави значен чекор кон освојување на првото место во групата.
 
Реал Мадрид дојде до планираните три бода против Плзен, но тоа го направи неубедливо. Победи со 2-1 со голови на Бензема и Марсело.
 
Рома дојде до лесна победа против ЦСКА Москва од 3-0, а во главна улога беше Един Џеко кој постигна два гола и асистираше за третиот кој беше дело на Ундер.
 
Победа од 3-0 славеше и Манчестер Сити, тимот на Пеп Гвардиола триумфираше на гостински терен кај Шахтар. Давид Силва, Лапорте и Бернардо Силва беа стрелци на погодоците.
 
Највозбудливо беше на дуелот меѓу Хофенхајм и Лион кој заврши 3-3. Францускиот тим поведе со погодок на Траоре, но Хофенхајм со два гола Крмариќ направи комплетен пресврт за водство од 2-1. Сепак Лион со погодоци на Ндомбел и Депај прави нов пресврт и поведува 3-2. Германците во 92. минута преку Џоелитон се спасија од пораз.
 
Ајакс со гол во судиското продолжение ја победи Бенфика со 1-0.
 
Во првите денешни натпревари Баерн Минхен со 2-0 победи на гостувањето кај АЕК, а Јанг Бојс и Валенсија ги поделија бодовите играјќи нерешено 1-1.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе