Напаѓачот со коментар за својата иднина

Дибала го демантираше својот брат: Јувентус го знае мојот став, сакам да останам

Пауло Дибала ја отфрли изјавата на неговиот брат за заминување од Торино, вели дека сака да остане во Јувентус и лидерите на клубот го знаат неговиот став по ова прашање.

Изминатиот период често се говореше за заминување на Аргентинецот, наводно Пауло Дибала не се вклопувал во тактичките замисли на Макс Алегри. Дури и се говореше за можен трансфер во Интер, како дел од зделката со која Мауро Икарди би завршил во Торино.

Неговиот брат неодамна откри дека напаѓачот не е среќен од ситуацијата во Јувентус и размислува за заминување, но самиот Пауло Дибала го негираше ова.

„Мојот брат го кажа неговото мислење, управата го знае мојот став. Разговарав со спортскиот директор Фабио Паратичи и тој знае што мислам, знае дека сакам да останам во Јувентус“ – вели Аргентинецот.

„Секако дека ова не зависи само од мене, клубот ќе донесе одлука во зависност од тоа какви ќе бидат идеите на новиот тренер, но моја желба е да продолжам во Јувентус. Не знам кој ќе биде новиот тренер, се надевам дека ќе дојде големо име кое ќе ни помогне да освоиме се“.

Запрашан конкретно дали може да заврши во Интер, Дибала вели: „Имам голема почит кон овој дрес и фановите на Јувентус, па нема да зборувам за други клубови“.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе