Требале да го продадат за висока сума, па не сакале никаков ризик

Ди Марија открива: Реал побара да не играм во финалето на СП 2014, веднаш го искинав писмото

Анхел Ди Марија открива дека Реал Мадрид побарал од него да не настапи во финалето на мундијалот во 2014, Аргентинецот имал ситна повреда и „кралевите" не сакале ништо да ризикува бидејќи работеле на негова продажба.

Фудбалерот на ПСЖ за емисијата „Подемос Аблар“ раскажа како Реал Мадрид во 2014 му наредил да не игра во финалето на Светското првенство. Анхел Ди Марија заработил ситна повреда против Белгија во четвртфиналето, па „кралевите“ не сакале ништо да ризикуваат бидејќи работеле на негова продажба.

Аргентинецот добил и официјално писмо, но го искинал без да го прочита. Тој сакал да стисне заби и да им помогне на „гаучосите“ но селекторот одбрал друг играч.

„Се повредив против Белгија, стапалото не изгледаше најдобро, но сакав да играм. Се работеше за финале на Светско првенство, сакав да играм по цена тоа и да биде мојот последен натпревар во животот“ – раскажува Ди Марија.

„Реал Мадрид ми нареди да не играм. Знам дека сакаа да ме продадат и на големо се шпекулираше дека веќе е договорен играчот кој требаше да ме замени, Хамес Родригез“.

„Само тројца знаеа за ова. Јас, докторот на репрезентацијата и Сабеља. Пристигна писмо во нашиот камп во Бразил, Даниеле (докторот) ми го даде и ми кажа дека е од Реал Мадрид, но јас не сакав да го погледнам, го искинав без да го прочитам. Разговарав со селекторот, со солзи во очите му кажав дека не сум 100% подготвен но дека сакам да помогнам. Сепак, тој мораше да мисли што е најдобро за тимот и на крајот одлучи да го игра Енцо Перез место мене“.

Тоа лето, Анхел ди Марија беше продаден на Манчестер јунајтед за речиси 60 милиони фунти, сума која значеше најскап трансфер на клуб од Англија во тоа време, и еден од најскапите во светот.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе