Трансфер експертот на Скај Италија најaви разврска на сагата

Ди Марцио: Барса и ПСЖ го договорија трансферот на Нејмар, недостигаат само потписите на документите

Трансфер експертот на Скај Италија, Џанлука Ди Марцио соопшти дека паднал договор помеѓу Барселона и ПСЖ за Нејмар одново да го облече дресот на „каталонците".

Нејмар се враќа на Камп Ноу, ова го пренесе Џанлука Ди Марцио. Новинарот на Скај Италија, кој обично има добри информации кога е во прашање трансфер пазарот, објави дека има договор помеѓу Барселона и ПСЖ и недостигаат само потписите на документите со што ќе се официјализира зделката.

Тој сепак не откри детали за каков трансфер си подале рака двата клуба.

Од Шпанија пак пристигнуваа демант за сторијата на Ди Марцио. Извори за Мундо Депортиво брифираат дека веста е „лажна“ и „нема вистина во написите“.

МД додава дека преговорите се уште се во тек и тоа на највисоко ниво, денеска во Монако имало средба помеѓу првите луѓе Жозеп Мариа Бартомеу и Насер Ал Келаифи, а контактите ќе продолжат и во следните часови.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе