Фудбалерот на Јувентус треба да внимава дома

Девојката на Роналдо откри кои две работи му ги забранила на ЦР7: Не смее да се меша во кујна и да менува светилки!

Девојката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез во разговор со Спортвик откри кои две работи не ги прави ЦР7 дома, фудбалерот на Јувентус не готви и не менува светилки.

Џорџина Родригез откри детали од животот со Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на денешницата и во историјата.

„Кристијано е супер татко и сопругот за кој сонував, но не знае да готви па не смее да се меша во кујна. По напорен тренинг, заслужува топол оброк подготвен со љубов. Јас готвам, но имаме и готвач“ - вели девојката на ЦР7.

„Исто така не менува светилки, тоа е невозможно, имаме висок таван. Доколку сте Кристијано Роналдо, дали би менувале светилка на 5-6 метри од земја?“

„Подобро да не го правите тоа. Тој треба да се грижи за самиот себе, да биде најдобар во она што го работи, за се останато сум јас тука. Јас ќе се погрижам се да биде ОК“.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе