Ла Лига

Девет од девет: Реал ја совлада Гранада и дојде на една победа до титулата во Ла Лига! (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше со 1-2 на гостувањето кај Гранада за девет од девет по ре-стартот на сезоната, „кралевите" сега се на само една победа до титулата.

Титулата од Ла Лига е на дофат, Реал Мадрид го дели една победа од трофејот во Ла Лига, работа ќе завршат и две ремија во последните две кола. Вечерва со 1-2 беше совладана Гранада за нов исчекор кон шампионско славје.

„Кралевите“ одлично го отворија мечот и по петнаесетина минути имаа два гола предност. Најпрво Менди од мртов агол биеше силно под пречката за 0-1, а потоа Бензема убаво пласираше за 0-2.

Гранада се врати во игра на стартот од вториот дел, Касемиро загуби топка на средината од теренот, домаќините тргнаа во контра а Мачис реализираше за 1-2.

Сепак тоа беше се што сторија фудбалерите на Мартинез, во финишот имаа две големи шанси, најпрво Куртоа одбрани а потоа Рамос расчисти од гол линијата и се погржи Реал Мадрид да има девет од девет по рестартот на сезоната.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе