Барса бркна длабоко во џебот за да ја задржи својата ѕвезда

Детали од најбогатиот договор во историјата на фудбалот: Меси има годишна бруто плата од 104 милиони!

Документите од „Фудбал Ликс" до кој стигна изражувачкиот тим на покажуваат дека Лео Меси има годишна бруто плата од 104 милиони евра, ова е најбогатиот договор во историјата на фудбалот

По долги шпекулации за неговата иднина, Лео Меси стави потпис на нов договор и ја продолжи верноста кон Барселона до 2021.

Ова е најбогатиот договор виден во историјата на фудбалот, а Медиапарт преку документи добиени од „Фудбал Ликс“ ги откри деталите.

Аргентинецот има годишна бруто плата од преку 100 милиони евра која се состои од фиксни примања од 71 милион евра (во кои се вклучени и 15% од имиџ правата). Лео Меси исто така добил бонус од 63,5 милиони евра за тоа што удрил параф на документите, како и бонус за лојаност од 70 милиони евра кој му следи доколку остане на Камп Ноу до крајот на договорот.

Доколку се соберат сите суми, договорот на Лео Меси е вреден 417,5 милиони евра, односно 104 милиони евра за 12 месеци.

Но оваа сума не е конечна, бидејќи на Лео Меси му следуваат одредени премии. На пример, ако Меси одигра на 60% од натпреварите на Барса во сезоната, ќе добие додатни 1,9 милиони евра. Триумф во Лигата на шампионите пак ќе му донесе плус 12 милиони евра.

Математиката вели дека нето платата на Лео Меси е околу 50 милиони евра, што го прави далеку најплатениот играч во светот на фудбалот. Нејмар со околу 37 милиони евра е вториот на оваа листа.

Лео Меси заработува повеќе од двојно од Кристијано Роналдо (околу 23 милиони евра), па затоа ЦР7 сака што поскоро Флорентино Перез да му го корегира договорот.

На 20 јануари 2019 владата на САД веќе цел месец е делумно блокирана поради инсистирањето на Трамп да добие 5,7 милијарди долари од Конгресот за финансирање на неговиот расистички и средновековен пограничен ѕид.

повеќе

Луѓето се љубопитни суштества, колку и да го одрекуваат тоа.

повеќе

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе