Лига на нации

Десподов: За Македонија ова повеќе е политички дуел отколку фудбалски

Најдобриот фудбалер на Бугарија, Кирил Десподов смета дека за македонската репрезентација утрешниот меч повеќе има политичка конотација отколку фудбалска. 

Утре од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“, Македонија ја пречекува Бугарија во последниот меч од Лигата на нации за оваа сезона.
 
Ѕвездата на Лудогорец, Кирил Десподов се истакна со непристојна изјава.
 
„Македонија овој меч против Бугарија повеќе го прифаќа како политички отколку фудбалски. Но ние треба да се фокусираме и да извадиме добар резултат, тоа уште повеќе ќе ни ја крене самодовербата. Јасно е дека тие ќе ја имаат поддршката од навивачите, но ние можеме да одиграме добро и да победиме. Ние секогаш одиме на победа, иако претходно самодовербата ни беше нарушена“, изјави Десподов.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе