Лига на нации

Десподов очекува тензии на натпреварот меѓу Македонија и Бугарија

Капитенот на бугарската репрезентација, Кирил Десподов вели дека очекува тензии на утрешниот дуел меѓу Македонија и Бугарија во Лигата на нации. 

Според него овој натпревар е повеќе од обичен спортски дуел за Македонците, но тие ќе се обидат да бидат подобри од нас и да победат.
 
„Дали утре ќе има тензии? Јасно е дека ќе има, но нас не треба да ни биде гајле што велат новинарите или што кажуваат од надвор. Ние мораме да бидеме уште помотивирани, реков и во Разград, ние го гледаме овој дуел само како натпревар, а тие како нешто многу повеќе. Уверен сум дека ќе дојдеме до позитивен резултат“, вели Десподов на денешната прес-конференција.
 
„Мораме  да ги следиме инструкциите на селекторот. Утре ќе мораме да одиграме подобро од Македонија, да ги слушаме инструкциите, да покажеме силен карактер, да се бориме на теренот. Уште еднаш велам, ајде да играме подобро од ривалот. Мислам дека сите знаат дека излегуваме на терен само за да победиме и ништо друго. Момците знаат што треба да направат, нема потреба од многу зборување, најважно е да зборуваме на теренот“.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе