Серија А

Десеткуваниот Милан со голем пресврт против Верона, ваков старт немале од 1994 година! (ВИДЕО)

Милан се врати од два гола негатива и со 3-2 ја совлада Верона, „росонерите" имаат 22 бода од 8 кола, и старт каков што немале во последните 27 години.

Милан иако имаше големи проблеми со повреди и ковид-19, успеа да освои три бода против Верона. Гостите имаа два гола предност на полувреме, Капрари го отвори резултатот во 7. минута, а Барак од белата точка донесе 0-2 во 24. минута. 

Но избраниците на Пиоли не се предадоа, Жиру погоди по еден час игра и најави возбудлив финиш. 

Кеси во 76. минута од пенал донесе 2-2, а само 120 секунди подоцна, Гунтер си постигна комичен автогол за 3-2. 

Со оваа победа, Милан има 22 бода од 8 кола, рекорд во овој дел од сезоната по 1994/95.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе