Ѕвезди кои ги нема меѓу најдобрите 30 во светот

Десет големи имиња кои не се најдоа на листата за „Златната топка“

„Франс Фудбал“ ги објави кандидатите за престижната индивидуална награда „Златна топка“, на листата недостасуваат неколку звучни имиња, ова се дел од фудбалските ѕвезди за кои немаше место. 

30 фудбалери ќе се борат за признанието Најдобар во годината според реномираниот Франс Фудбал, магазинот од Франција ги соопшти кандидатите за престижната „Златна топка“.
 
На листата недостастуваат неколку звучни имиња, за прв пат откако е воспоставен овој систем на номинации во 1995, фудбалерот кој претходната година ја добил „Златната топка“ нема да го брани признанието. 
 
Лука Модриќ блескаше во сезоната 2017/18 во дресот на Реал Мадрид и Хрваска, па ја прекина доминацијата на Кристијано Роналдо и Лео Меси, кои 10 години ја делеа оваа награда. Сепак, „кралевите“ беа очајни во 2018/19, Лука Модриќ беше само бледа слика на играчот од претходната сезона, па за него сега немаше место.
 
Лошата сезона на Реал Мадрид исто така придонесе на списокот да не се најдат и Герет Бејл и Серхио Рамос. 
 
Место немаше и за двајца фудбалери на ПСЖ, Единсон Кавани и Нејмар. Уругваецот имаше многу проблеми со повредите, па затоа и придонесет беше мал. Нејмар исто така имаше сезона за заборав. Поради повреда пропушти голем дел од натпреварите на „светците“, а повреда го спречи и да настапи на Копа Америка, каде Бразил стигна до трофејот.
 
Сезона за заборав има и Тибо Куртоа, кој по преселбата на Сантијаго Бернабеу никако да почне да брани на високо ниво и да покаже зошто важеше за еден од најдобрите голмани во светот.
 
Втора година по ред, на листата нема место и за Филипе Кутињо, кој одигра под своите можности во Барселона, па дури и мораше да ја промени средината и беше испратен на позајмица во Баерн.
 
На листата не се најде и Хари Кејн, кој две години завршуваше во топ 10. Англичанецот не одигра на потребното ниво, особено во вториот дел од сезоната. Не постигна гол за Тотнем во четвртфиналето, полуфиналето и финалето од Лигата на шампионите, а во Премиерлигата има само 9 гола од јануари па наваму.
 
Од Премиерлигата доаѓа уште едно големо отсуство, се работи за најскапиот играч во историјата на Манчестер јунајтед, Пол Погба. „Ѓаволите“ потфрлија, Французинот блескаше само на неколку натпревари, недоволно за да се најде помеѓу кандидатите за „Златната топка“.
 
Луис Суарез исто така потфрли во најголемиот дел од сезоната, па и напаѓачот на Барселона е отсутен и ќе остане на шест номинации.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе