Им претстојат неколку тешки месеци

Дербито Рома-Јуве остави двајца играчи во солзи, заврши сезоната за перспективните Заниоло и Демирал

Пред младите Николо Заниоло и Мерих Демирал се тешко месеци, двајцата заработија сериозни повреди на синоќешното дерби помеѓу Рома и Јувентус и за нив е завршена сезоната.

Пресметката помеѓу Рома и Јувентус на Олимпико во солзи остави двајца талентирани играчи. „Волчицата“ доцна синоќа објави дека Николо Заниоло го оштетил менискусот на предниот вкрстен лигамент на коленото, па сезоната за талентираниот Италијанец заврши.

Попладнево Јувентус пренесе дека иста судбина го снашло и Мерих Демирал, дефанзивецот го оштетил менискусот и предниот вкрстен лигамент на левото колено, тој во следните денови ќе оди на операција па и за него заврши сезоната.

Турчинот во последно време прикажува одлични партии и го истисна големото летно засилување Матајс де Лихт од првиот тим, а го привлече и вниманието на голем број клубови од Англија, кои беа подготвени да платат и до 50 милиони евра за потписот на 21 годишниот Мерих Демирал.

Слична е и ситуацијата на Николо Заниоло кој се промовираше во еден од најперспективните играчи во Италија и Европа по преселбата од Интер во Рома како дел од трансферот на Раџа Наинголан. Со одличните партии го привлече вниманието на многу клубови а сериозно се наметна и кај Роберто Манчини во репрезентацијата на „аѕурите“.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе