Халанд е среќен во Борусија Дормунд и нејасно е дали ќе сака да си замине од германскиот клуб следното лето бидејќи тој и татко му имаат одлучено постепено да наредува во кариерата, да не избрзува со трансфер во гигант.
Но, во договорот со Борусија Дортмунд тој има клаузула од околу 70 милиони евра која ќе се активира од 2022 година.
Според „Дејли Мејл“, германскиот клуб би го продал ова лето со цел да му извади повеќе пари знаејќи дека сега ќе може за него да добие и повеќе од 100 милиони евра, а од 2022 само 70.
Ривалите од Манчестер размислуваат за обнова на нападот, за долгорочна инвестиција, па ќе бидат ривали за неговиот потпис.
Но, нема да биде чудно ако Халанд не заврши ниту во сината ниту во црвената половина на Манчестер бидејќи интерес за него има и од Реал Мадрид.
Манчестер јунајтед минатото лето веќе ја почувствува цврстата рака на Борусија Дортмунд откако не успеа да се договори за ангажман за Џејдон Санчо. Германците ќе го извадат максиумумот и од Халанд, нема да се откажат лесно од неговите услуги, па кој и да го купи ќе треба дебело да плати следното лето.