Уругваецот сега се сели во Ливерпул за 100 милиони евра

Денот кога Суарез ја советувал Барса да го ангажира Дарвин Нуњез: Можеа да го купат за 15-20 милиони но...

Луис Суарез на Барселона и го препорачал својот сонародник Дарвин Нуњез, „каталонците" можеле да го купат за 15-20 милиони евра но не го послушале советот на напаѓачот.

Утрово Бенфика го потврди трансферот на Дарвин Нуњез во Ливерпул, Уругваецот ќе стане најскапиот играч на „црвените“ во зделка вредна 75+25 милиони евра.

Кариерата на напаѓачот можела да биде сосема поинаква доколку Барселона го послушала Луис Суарез.

„Го препорачав Дарвин Нуњез на Барселона кога тој беше во Алмерија“ – изјави неодамна Луис Суарез. „Имам 15 години искуство од фудбал во најразлични земји и знам да препознаам добар напаѓач“.

„Им реков, „обрнете внимание на овој играч, тој е многу добар, покажува интересни работи“. Ми кажаа дека играл во Алмерија и дека е премногу млад“.

„Можеа да го купат за 15-20 милиони евра, а сега треба да платат 80-90 или 100 милиони евра“.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе