Легендарниот Шкот се присети на најтешките денови од кариерата

Денот кога Сер Алекс Фергусон бил уапсен и завршил зад решетки откако се опијанил и направил тепачка

Легедарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон раскажа како завршил зад решетки откако се опијанил и направил тепачка на почетокот од неговата кариера како фудбалер.

Изминатиов викенд во Глазгов беше прикажан новиот документарец за Сер Алекс Фергусон а во него Шкотот раскажува една приказна од 60-тите и почетокот на неговата фудбалска кариера.

Во Сент Џонстон тој не можел да се избори за стандарден првотимец, бил фрустриран поради ова па често знаел да излезе и да се опијани. Една вечерв направил тепачка, бил уапсен и завршил зад решетки.

„Бев разочаран бидејќи не успевав да станам стандарден првотимец. Кариерата не одеше според планот, па забегав малку од патот. Излегував во град, дури и во петок навечер, ден пред натпревар“ - раскажува 79 годишниот Сер Алекс Фергусон.

„Татко ми ми велеше, „Не можеш да одиш и да се забавуваш, утре имаш натпревар“. Тогаш се одалечивме, дојдовме до момент кога ми рече, „Слободно прави што сакаш, ќе видиме до каде ќе стигнеш“. Не разговаравме со години, поточно од 1961 до 1963 година“.

„Една вечер, излегов и се опијанив, направив тепачка па завршив во затвор. Излегов пред судија и добив казна од 3 фунти. Бев црна овца“.

„Никогаш не сум го заборавил овој период, секогаш жалам за работите што се случија“.

Сер Алекс Фергусон сепак успеал да си го врати животот на прав пат, пресврт е мечот против Ренџерс во 1963 година на кој тој постигнува хет-трик.

„Тоа беше најважниот натпревар во мојот живот. Се вратив дома да го видам татко ми, знаев дека ќе биде горд“.

„Му реков, „Што мислиш сега?“ Тој одговри, „Тое е моето момче“. Се смиривме, повторно бевме во добри односи. Животот ми се промени, тој момент беше пресвртница. Потоа бев многу посветен, фудбалот ми беше приоритет“.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе