Преговорите се во завршна фаза

Денот Д за два големи трансфери, се чека абер за Гризман во Барселона и Де Лихт во Јувентус

Денешниот ден треба да донесе разврска на две трансфер саги, се очекува да пристигне потврда за преселбата на Антоан Гризман во Барселона и на Матајс де Лихт во Јувентус.

Со недели се пишува за иднината на Антоан Гризман и Матајс де Лихт, Французинот треба да се пресели на Камп Ноу а Холанѓанецот во Торино.

Напаѓачот се има договорено со Барселона, а и дефанзивецот си има подадено рака со Јувентус, но клубовите не можат да пронајдат заеднички јазик со Атлетико Мадрид односно Ајакс.

Сепак, се очекува во текот на денешниот ден конечно да пристигне абер. Антоан Гризман со чек од 120 милиони евра треба да пристигне во канцелариите на Ла Лига и да си ја купи својата слобода. На Французинот му истекуваат одморот од 30 дена пропишан со закон, а Барса сака играчот да се појави на првиот ден од подготовките за новата сезона, па денеска е последна шанса.

Јувентус се наоѓа во слична ситуација, денеска треба да постигне дил со Ајакс за Матајс де Лихт да не отпатува на тренинг камп со клубот од Амстердам.

Се говори дека преговорите се во финиш, Мино Рајола е во Милано од каде ги пегла последните детали. Медиумите од Италија пишуваат за трансфер вреден 67 милиони евра, плус уште неколку додатни милиони во бонуси за да се дојде до бројката од 75 милиони која Ајакс ја бара.

Па Де Лихт би требало овој викенд да пристигне во Торино на лекарски прегледи, да стави потпис на договорот и да отпатува со „старата дама“ на турнеа во Азија.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе