Лига на шампиони

Денеска ждрепка за групната фаза од Лигата на шампионите

Денеска од 18 часот во Истанбул ќе почне ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите. 

Откако синоќа се пласираа и последните три екипи во елитното натпреварување, денеска ќе биде извршена и ждрепката за групната фаза од ЛШ.
 
Клубовите стандардно се поделени во четири шешири. Само Германија има две екипи во првиот шешир бидејќи покрај Баерн Минхен таму е и освојувачот на Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт.
 
Шешир 1: Реал Мадрид, Ајнтрахт Франкфурт, Манчестер Сити, Милан, Баерн Минхен, ПСЖ, Порто и Ајакс
 
Шешир 2: Ливерпул, Челси, Барселона, Јувентус, Атлетико Мадрид, Севиља, Лајпциг и Тотнем
 
Шешир 3: Борусија Дортмунд, РБ Салцбург, Шахтар, Интер, Наполи, Бенфика, Спортинг Лисабон и Баер Леверкузен
 
Шешир 4: Ренџерс, Динамо Загреб, Марсеј, Копенхаген, Клуб Бриж, Селтик, Викторија Плзен и Макаби Хаифа
 
Поради Светското првенство во Катар, за помалку од два месеци треба да заврши групната фаза. Првото коло се игра на 6/7 септември, а последното е на 1/2 ноември.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе