СП 2022

Денеска на СП: Велс и Иран го отвораат второто коло, Холандија и Англија по заверка на осминафинале

Синоќа беше комплетирано првото коло на Светското фудбалско првенство во Катар, денес веќе можеме да ги добиеме и првите осминафиналисти. 

Денот почнува од 11 часот со дуелот меѓу Велс и Иран. Иранците ќе се обидат да се престават во многу подобро издание од мечот со Англија во кој примија дури шест голови, Велс има еден бод на своето конто, а во Иран гледа противник за да го зголеми салдото и да направи крупен чекор кон осминафиналето.
 
Со вториот меч од оваа група, дуелот меѓу Англија и САД, завршува денот на Светското првенство. Англичаните со победа може да го заверат пласманот во нокаут фазата. Тимот на Герет Саутгејт изгледаше импресивно во првото коло, но Американците се посериозен противник од Иран.
 
Од 14 часот домаќинот излегува на нов мегдан, овојпат со Сенегал. Катар разочара во првото коло, загуби со 2-0 од Еквадор и на теренот не направи речиси ништо. По првото коло Катарците изгледаат како најслабата репрезентација на овој Мундијал на кој играат само затоа што се домаќини. 
 
Во истата група од 17 часот Холандија ќе брка победа против Еквадор за пласман во осминафиналето на коло пред крајот. Но истото може да го направи и Еквадор доколку тие го добијат дуелот. Двете селекции имаат по три бода по првото коло.
 
Распоред за денес:
 
11:00 Велс - Иран
14:00 Катар - Сенегал
17:00 Холандија - Еквадор
20:00 Англија - САД
 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе