СП 2022

Денеска на СП: Србија оди на победа против Камерун, Бразил и Португалија по заверка на осминафинале

На српската репрезентација по поразот од Бразил ѝ следуваат два полесни противници против кои мора да освојуваат бодови за да одат понатаму, Бразилците и Португалците можаат уште денеска да го заверат пласманот во осминафиналето. 

Србија имаше разочарувачки меч против Бразил, особено во второто полувреме кога физички паднаа. Но Брзилците се главен фаворит за освојување на Светското првенство, па разбирливо е што беа значително подобри од Србите.
 
Денеска од 11 часот, Србија игра со Камерун, селекција која треба да ја победи, може да одигра и реми за да ги задржи шансите, а има варијанти и со пораз да се надева, но доколку не ги победи Камерунците реално не им е местото во нокаут фазата.
 
Селекторот Драган Стојковиќ - Пикси рече дека за нив првенството почнува од натпреварот со Камерун.
 
Во истата група Бразил игра против Швајцарија од 17 часот. Селекторот Тите на овој меч нема да може да смета на Нејмар и Данило кој имаат повреди на зглобовите. Бразилците и без нив имаат страшен состав и се освен победа против Швајцарија би било големо изненадување. 
 
Триумф уште денеска ќе ги однесе во осминафиналето на Светското првенство.
 
Дербито на денот се игра од 20 часот, Португалија и Уругвај. Португалците по стартниот триумф, со денешна победа би се пласирале во осминафиналето. Уругвајците имаат одличен состав, но во првото коло против Јужна Кореја изгледаа бледо.
 
Уругвај ќе сака против Португалија да го покаже потенцијалот со кој располага, особено изгледаат страшно во нападот, но и со пораз ќе имаат шанси за пласман понатаму во последното коло. Од друга страна, Роналдо и соиграчите се во подобра ситуација по победата над Гана и ќе можат без притисок да влезат во мечот, што треба позитивно да влијае на нивната игра.
 
Во вториот меч од групата, од 14 часот, Јужна Кореја и Гана ќе се борат да ги задржат шансите за пласман на втората позиција.
 
Распоред за денот:
 
11:00 Камерун - Србија
14:00 Јужна Кореја - Гана
17:00 Бразил - Швајцарија
20:00 Португалија - Уругвај

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе