Изборно собрание на МОК

Денеска МОК треба да добие нов претседател, Изборното собрание го тресат скандали уште пред да почне

Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска треба да го добие новиот претседател но Изборното собрание го тресат скандали уште пред да почне, УО ја одби кандидатурата на Александра Војнеска Зикова, па во игра останува само Даниел Димевски. 

Првиот и единствен претседател на МОК досега, Васил Тупурковски конечно ќе стане од столчето, тој на оваа функција е од 1992 година. По речиси 30 години Македонскиот олимписки комитет ќе добие нов предводник.
 
Во трката за наследник на Тупурковски беа предводничката на македонската атлетика, Александра Војнеска - Зикова и поранешниот претседател на кошаркарската федерација, Даниел Димевски.
 
Голем сомнеж во регуларноста на собранието фрла одлуката на УО на ден пред гласањето да се поништи кандидатурата на Александра Војнеска Зикова со образложение дека кандидатот треба да има најмалку стаж од четири години на раководна функција на македонска спортска организација.
 
Војнеска Зикова една година е на чело на Атлетската федерација на Македонија, но претходно четири години беше на потпретседателската функција на истата федерација.
 
Чуди како УО без забелешки ја прифатил нејзината кандидатура кога таа првично била поднесена, а сега на ден пред одржување на изборното собрание ја дисквалификува.
 
Таа смета дека е дисквалификувана со цел да се фаворизира нејзиниот противник Даниел Димевски кој покрај тоа што е поранешен претседател на КФМ е и надворешен советник на премиерот Зоран Заев.
 
Александра Војнеска Зикова и покрај се ќе се појави на денешното собрание и со поддршка од федерациите кои планираат да гласаат за неа ќе инсистира и таа да биде вклучена во трката за претседател како што беше до вчера, доколку тоа не се случи најавува тужби.
 
Тужби за актуелното раководство на МОК претходно најави и Националната пливачка федерација. Тие се чудат како и покрај фактот што оваа федерација е регистрирана во сите институции на државата и ги организира сите пливачки настани во земјава нема право на глас, наспротив правно непостоечката Пливачка федерација на Северна Македонија која ја предводи Александар Маленко.
 
Изборното собрание на МОК ќе се одржи денеска (среда) со почеток од 18 часот во хотелот „Александар Палас“.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе