Две огромни изненадувања се случија на денешниот ден од Европското кошаркарско првенство, а тие ги направија Босна и Херцеговина и Белгија.
Босанците го совладаа бранителот на трофејот, селекцијата на Словенија со 97-93.
Словенците имаа предност од 52-49 по првото полувреме, но Босна и Херцеговина заигра одлично во вториот дел, направи пресврт и на крајот заслужено се радуваше на голем триумф.
Робесон со 23 поени беше најефикасен во составот на БиХ, Муса постигна 22, кај Словенија најефикасен беше Чанчар со 22 поени, Драгиќ постигна 20, а Дончиќ 16.
Претходно Белгија со 10 поени разлика ја совлада Шпанија. Првото полувреме беше изедначено, но како се движеше крјаот на мечот Белгија создаваше предност и на крајот не само што дојде до неочекувана победа, туку славеше убедливо со 83-73.
Белгија одигра тимски, најефикасен беше Лакомте со 14 поени, Жилет даде 11, кај Шпанија Вили Ернангомез со 14 беше најдобар.
Во другите мечеви, Германија по две продолженија славеше со 109-107 над Литванија, Црна Гора со 91-81 ја совлада Бугарија.