Французинот го чека долг процес на опоравување

Дембеле успешно опериран но ќе паузира дури шест месеци, Барса договори замена вредна 35 милиони

Осман Дембеле ќе биде надвор од стројот дури шест месеци по операцијата направена во Финска, поради долгата пауза, Барселона ќе купи нов напаѓач и се шпекулира дека начелно е договорен Вилиан Жозе од Реал Сосиедад.

Осман Дембеле го чека долг процес на опоравување. Французинот попладнево успешно бил опериран во Финска од страна на докторот Ласе Лемпаинен. Напаѓачот ја скина тетивата во задната ложа на деснета нога и ќе биде надвор од стројот шест месеци.

Ваквата дијагноза отвара простор за Барселона да донесе замена за Осман Дембеле. Според РТВЕ, начелно е постигнат договор со Реал Сосиедад за трансфер на Вилијан Жозе, зделката може да ги чини „каталонците“ и до 35 милиони евра.

Клубот од Камп Ноу сега треба целата докуметанција од дијагнозата да ја достави до федерацијата, а медицинска комисија ќе има три дена да го одобри барањето за купување на играч надвор од преодниот рок.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе