Преговорите бележат добар прогрес

Дембеле ќе си легне на брашното и ќе прифати 40% помала плата од Барса?!

Неколку извори пренесуваат дека Осман Дембеле ќе ја продолжи соработката со Барселона и ќе прифати 40% помала плата.

Барселона и Осман Дембеле долго време преговараат за нов договор, Французинот и неговиот агент упорно ги одбиваа предлозите на „каталонците“, но последните информации велат дека напаѓачот ќе си легне на брашното.

Се верува дека Осман Дембеле нема богати понуди од други клубови, па ќе го прифати предлогот од Барса кој го има на маса, односно 40% помала плата и примања со кои ќе биде на нивото на Ансу Фати.

Преговорите помеѓу двете страни бележат добар прогрес и сите се оптимисти дека Осман Дембеле ќе стави потпис на договор до јуни 2024 година.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе