Следната недела почнуваат преговорите

Делегација на Сити оди во Барселона да ја презентира првата понуда за Меси

Манчестер Сити нема да штеди да го купи Меси иако тој има 33 години и само уште една година од актуелниот договор со Барселона. 

Пеп Гвардиола силно го посакува Меси, а и шеиците на целата ситуација гледаат како шанса која не смее да се пропушти без разлика колку ќе чини.
 
Италијанскиот новинар, Танкреди Палмери кој работи за „Беин Спорт“ и „Си-Ен-Ен“, тврди дека делегација на Манчестер Сити следната недела ќе отпатува во Барселона да ја презентира понудата. Таа ќе изнесува околу 200 милиони евра плус фудбалер.
 
Прва опција за Меси е Манчестер Сити, се верува дека тој пред да им ја соопшти одлуката на Барселона за заминување, му се јавил на Пеп Гвардиола за да праша дали може да дојде во неговиот клуб.
 
Во меѓувреме Меси одлучи малку да го омекне својот став и да се појави на тестирањето за коронавирус и на стартот на подготовките. Ќе биде како и останатите од тимот, но паралелно ќе чека да се реши неговата ситуација и да замине од Барселона.
 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе