Се решава иднината на напаѓачот

Делегација на Барса патува во Париз, „каталонците“ нудат 80 милиони евра плус Кутињо за Нејмар

Во Париз треба да има состанок помеѓу ПСЖ и Барселона, „каталонците" за ангажман на Нејмар ќе понудат 80 милиони евра плус услугите на Филипе Кутињо.

Оваа недела може да се разреши иднината на Нејмар. Утрово од Шпанија беше пренесено дека делегација на Барселона ќе отпатува во Париз. Директорот Бордас, техничкиот секретер Абидал и човекот од доверба Кури ќе имаат состанок со спортскиот директор Леонардо.

Од Франција сега пристигнуваат нови информации, „Ле Парисиен“ открива детали од понудата. Весникот вели дека предлогот на „каталонците“ е вреден 60 милиони евра, со бонуси сумата може да се искачи до 80 милиони евра, плус услугите на Филипе Кутињо.

Останува да се види дали ова ќе биде доволно за ПСЖ да прифати продажба. Изминатиов период се говореше дека „светците“ бараат најмалку 100 милиони евра (некои извори дури говореа и 140 милиони евра).

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе