Прифатена е понуда за Македонецот вредна 14 милиони евра

Делегација на Атлетико патува за Истанбул оваа недела, ќе го официјализира трансферот на Елмас

Директори на Атлетико Мадрид оваа недела ќе отпатуваат за Истанбул на средба со колегите од Фенербахче за да го официјализираат трансферот на Елиф Елмас.

Пред десетина дена беше објавено дека Интер со 11 милиони евра ја добил битката за потписот на Елиф Елмас, но потоа пристигна вест дека Атлетико сепак успеал да го украде Македонецот.

Клубот од Мадрид доставил предлог вреден 14 милиони евра, пресудила и желбата на Елиф Елмас да игра во Шпанија, па Фенербахче ја прифатил понудата.

Според пишувањата на Хуријет, директори на Атлетико оваа недела ќе пристигнат во Истанбул на средба со своите колеги од Фенер за да го официјализираат трансферот на популарниот „дијамат“. Двете страни овој состанок ќе го искористат и за да разговарат за преселба на Никола Калиниќ на „Шукру Сарачоглу“.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе