Прв тренерски предизвик во Серија А

Дејан Станковиќ е нов тренер на Сампдорија

Српскиот стратег, Дејан Станковиќ е нов тренер на Сампдорија, италијанскиот клуб денеска и официјално го потврди. 

Доскорешниот тренер на Црвена звезда, за првпат во кариерата самостојно ќе води клуб од Серија А, неговата прва станица таму е Сампдорија.
 
„Сампдорија сака да му каже добредојде на Дејан Станковиќ како главен тренер на првиот тим до 30 јуни 2023 година со опција за продолжување до 30 јуни 2024 година“, се вели во соопштението на клубот.
 
Станковиќ речиси целата играчка кариера ја помина во Серија А па многу добро ја познава италијанската лига.
 
Неговиот прв предизвик ќе биде веќе во сабота кога Сампдорија гостува кај Болоња, а во колото потоа ја пречекуваат Рома. Тоа ќе биде дуел на Станковиќ и Мурињо, двајцата кои беа дел од генерацијата на Интер која ја освои тројната круна.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе