Поддршка од тренерот

Дејан Ловрен откри каква порака добил од Клоп по победата над Англија

Дејан Ловрен е еден од лидерите во хрватската репрезентација која го живее сонот кој тешко беше да се замисли пред Мундијалот.

Ловрен во изминатите години е еден од најкритикуваните дефанзивци, но откако стигна до финалето со Хрватска самиот се пофали дека е еден од најдобрите.
 
Очигледно е дека на Ловрен тешко му паѓаа сите навреди на негова адреса, па откако со Ливерпул играше финале и со Хрватска направи неверојатен успех на Светското првенство имаше добра подлога да им врати на критичарите.
 
Ловрен открива дека добил порака од Јирген Клоп во која тој му пишал дека е горд на него.
 
„Се изненадуваш што Клоп ми прати порака. Ми рече дека е горд на тоа што сме го постигнале на Светското првенство. Знае низ што се поминав“, изјави Ловрен.
 
„Јирген е навистина добар човек и во најтешките моменти секогаш беше со мене. Го ценам тоа и му благодарам што ми прати порака“.
 

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе