Нема место во Арсенал за македонскиот голман

Дејан Илиев повторно ќе брани во словачки Серед

За Дејан Илиев нема место во Арсенал, македонскиот голман и во оваа сезона повторно оди на позајмица.

Илиев ќе брани во Серед, клуб во кој веќе има поминато шест месеци на позајмица. Овојпат оди на едногодишна позајмица.

„Во последните денови имавме преговори со Арсенал за годишен заем на Дејан Илиев и на крајот сето тоа успешно се заврши. Дејан го знае Серед, го знае опкружувањето, а станува збор за многу квалитетен голман. Му посакуваме топло добредојде и сѐ најдобро во новата сезона“, рече Марјан Черни, генералниот менаџер на клубот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ŠKF Sereď (@skfsered)

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе