Лига Европа

Децата на Арсенал со „покер“ го испратија Стандард, Севиља со мининална победа (ВИДЕО)

Арсенал славеше со убедливи 4-0 против Стандард и покрај тоа што на теренот играат неколку младинци, Севиља скромно против АПОЕЛ и триумф од 1-0.

„Топчиите“ ја забележаа најубедливата победа вечерва во Лига Европа, пред своите фанови со 4-0 триумфираа во дуелот со Стандард. Емери шанса им даде на неколку младинци, а напаѓачот Мартинели најдобро ја искористи приликата и постигна два гола.

Во листата на стрелци се запиша и Вилок, а точка на натпреварот стави Себаљос во 57. минута од мечот.

Севиља одигра скромно против АПОЕЛ и славеше со минимални 1-0. Домаќините рано поведоа со голот на Чичарито, но како одминуваше времето не беа расположени за надигрување, а ниту пак гостите имаа желба, па финишот на мечот беше прилично досаден.

Затоа возбудливо беше на другите терени, Лацио направи пресврт против Рен и стигна до три бода. Гостите поведоа на стартот од вториот дел, но Милинковиќ Савиќ најпрво изедначи на 1-1 а потоа му асистираше на Имобиле за 2-1,

Спортинг на нашиот Стефан Ристовски исто така со пресврт стигна до победа во дуелот со ЛАСК Линц. Гостите на пауза заминаа со 0-1, но во продолжението од мечот, во период од пет минути капитулираа два пати и загубија со 2-1.

На другите натпревари кои се играа од 21 часот: Селтик – Клуж 2:0, Дуделанж – Карабх 0:4, Гимараеш – Ајнтрахт Франкфурт 0:1, Краснодар – Хетафе 1:2, Лугано – Динамо Киев 0:0, Малме – Копенхаген 1:1, Розенборг – ПСВ 1:4, Трабзонспор – Базел 2:2.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе